ВИДЕО: Барселона конечно победи на гости , 300. триумф за Симеоне

epa08900363 FC Barcelona's Clement Lenglet (R) celebrates with teammates after scoring the 0-1 during a Spanish LaLiga soccer match between Real Valladolid and FC Barcelona at Jose Zorrilla stadium in Valladolid, Spain, 22 December 2020. EPA-EFE/R.Garcia

Екипата на Барселона славепе на гостувањето кај Ваљадолид со 0:3 и конечно прикажа игра каква што се очекува од кандидат за титулата во Ла Лига.


Барселона поведе во 21. минута преку Клемен Ленгле, а во првото полувреме мрежата на домашниот тим ја затресе и Мартин Брајтвајт во 35. минута. Лионел Меси конечно во новата сезона во Ла Лига постигна гол од игра, откако во 65. минута го искористи одличното додавање од Педри.
Со победата Барселона се искачи на петтото место на табелата во Ла Лига со 24 бода, додека Ваљадолид е 18. со 14 бода.

Лидерот на табелата Атлетико Мадрид го победи Реал Сосиедад со 0:2 и повторно има три бода предност пред Реал Мадрид.
„Јорганџиите“ головите ги постигнаа во второто полувреме, прво Хермосо во 49. минута го отвори резултатот, а Маркос Љоренте во 74. минута го постави конечниот резултат.
Овој натпревар беше посебен за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне кој ја оствари 300. победа на клупата на „јорганџиите“.


Резултати:
Елче – Осасуна 2:2
Валенсија – Севиља 0:1
Хуеска – Леванте 1:1
Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 0:2
Ваљадолид – Барселона 0:3
Виљареал – Атлетик Билбао 1:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот