Де Јонг и Кансело/Barcelona FC

ВИДЕО: Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид и се врати на врвот во Ла Лига

Фудбалерите на Барселона го искористија киксот на Реал Мадрид и со убедлив триумф од 3-0 над Леванте се искачија на врвот на табелата.

Прашањето околу победникот беше решено уште во првото полувреме. Бернал експресно донесе предност во четвртата минута, а Де Јонг во 32. минута го зголеми водството и најави мирен финиш за каталонскиот гигант.

Во вториот дел Барселона рутински ја контролираше играта и не дозволи изненадување, а во самиот финиш Фермин Лопез, по одличната асистенција од Ламин Јамал, ги постави конечните 3-0 и стави печат на сигурната победа.

Со новите три бода, Барселона сега има 61 на своето конто, еден повеќе од Реал Мадрид, кој вчера беше поразен од Осасуна со 2-1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот