ВИДЕО: Барса одамна е на одмор, Ваљадолид го фаќа последниот лет за опстанок во „Ла Лига“

фото: EPA-EFE/R. GARCIA

Фудбалерите на Ваљадолид ја совладаа Барселона со резултат 3:1 во натпреварот од 35 коло во „Ла Лига“.

Каталонскиот клуб, кој веќе ја освои шампионската титула, има два порази по ред, а воедно ја прекина и низата од седум победи против Ваљадолид кој во 2014 година последен пат славеше во меѓусебните дуели.

Домаќинот стекна предност уште во втората минута по автоголот на Кристенсен, а позитивата ја зголеми Ларин од пенал во 22 минута.

Плата се погрижи за 3:0 во 73 минута, а гостите својот единствен погодок го реализираа во 84 минута преку Левандовски.

На табелата Барса е на врвот со 85 бодови, додека Ваљадолид е на 17 место со 38, пред Хетафе (35) и Еспањол (34) кои се во опасната зона за испаѓање на 18 и 19 позиција и своите мечеви од оваа рунда ќе ги имаат в среда.

ВИДЕО: Реал Сосиедад на чекор од пласман во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот