ВИДЕО: Реал Сосиедад на чекор од пласман во Лигата на шампионите

фото: EPA-EFE/Javier Etxezarreta

Фудбалерите на Реал Сосиедад во 36 коло од „Ла Лига“ ја победија Алмерија со минимални 1:0 и дојдоа на чекор до потврда на пласманот во Лигата на шампионите.

Јапонскиот репрезентативец Такефуса Кубо постигна гол вреден три бода во четвртата минута од судиското продолжение во првото полувреме. Алмерија падна за еден играч од 36. минута, кога Луис Суарес беше исклучен.

Реал Сосиедад стигна до 68 бода и сега заостанува осум бода зад петтопласираниот Виљареал, со натпревар помалку. Тимот од Сан Себастијан може да остане само без Лигата на шампионите, доколку не освои ниту еден бод во преостанатите два меча, а Виљареал истовремено го завршува првенството со три победи.

Со 39 бодови Алмерија е на 15 позиција и релативно и натаму е во „безбедната“ зона, со четири бода над зоната за испаѓање.

Селта пред своите навивачи во Виго освои само бод против Жирона играјќи 1:1. Домашните поведоа со голот на Перез во 42 минута, а израмни Стуани во 59 минута од пенал. Селта е на 14 место со 40 бодови, додека Жирона е на осмата позиција со 49 бодови и води борба за пласман во Конференциската лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот