ВИДЕО | Барди стрелец за Трабзонспор, Галатасарај по 23. пат слави титула

Фото: Trabzonspor

Репрезентативецот на Македонија, Енис Барди вечерва се запиша во листата на стрелци за Трабзонспор против Гиресунспор во турската Суперлига.

Тимот на Барди покажа многу повеќе во текот на целиот натпревар и постигна по два гола во двете полувремиња за победа од 4:2. Македонскиот репрезентативец голот го постигна во 34-тата минута по додавањето од Бозок.

 

За Барди ова беше шести гол во сезоната на 28 првенствен натпревар, Трабзонс се наоѓа на шестата позиција на табелата.

По денешните натпревари познато е и дека нов шампион на Турција е Галатасарај која го совлада Анкарагучу со 4:1. За турскиот гигант ова 23. трофеј во клупската историја.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот