Фото: Konyaspor

ВИДЕО | Барди стрелец во ремито на Коњаспор во турската Супер лига

Денеска во рамките од 28 коло во најсилното турско првенство фудбалерите на Коњаспор на гостински терен одиграа 2:2 против Самсунспор.

Во првото полувреме гостите поведоа од пенал кој го реализираше македонскиот репрезентативец Енис Барди во 23 минута.

За нашиот интернационалец ова е петти гол во 27 настап за Коњаспор оваа сезона во шампионатот.

Домаќините не само што израмнија во 42 минута, дојдоа и до предност во 72 минута преку со вториот погодок на Холсе.

Гостите успеаја да го избегнат поразот во 78 минута благодарение на голот на Крамер. Барди настапи до 86 минута кога беше заменет од Јо Јин-хо.

Коњаспор е на 11 позиција на табелата со 31 бод и во следното коло ќе игра против последнопласираниот Карагумрук дома на 12 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот