ВИДЕО: Барди и Трабзонспор загубија на гостувањето кај Црвена звезда во Лига Европа

Енис Барди („Трабзонспор“) во акција на натпреварот против Црвена звезда/Белград, Србија/27 октомври 2022/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Фудбалерите на Црвена звезда го победија турскиот шампион Трабзонспор со 2:1 во натпреварот од претпоследното петто коло од групата „Х“ на Лига Европа.

Головите за српскиот првак ги постигнаа Катаи во 37 минута и Пешиќ во 64 минута, додека голот за Трабзон го постигна Бакасетас во 39. минута.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди беше стартер кај гостите и настапи до 82 минута од средбата на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград.

Црвена звезда ја забележа втората победа и е последна на табелата со шест бодови, колку што има и Трабзон на третата позиција. Во вториот натпревар од оваа група Ференцварош и Монако ремизираа 1:1 во Будимпешта. Унгарскиот тим е прв во групата со 10 бодови, додека Монако е втор со седум.

Фудбалерите на Црвена звезда во последното коло ќе гостуваат кај Монако во Франција, додека Трабзон ќе го пречека унгарскиот Ференцварош.

ВИДЕО: Роналдо се врати со гол против Шериф, Рома сама решава на „Олимпико“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот