ВИДЕО: Баерн „гази“ и без Левандовски, шампионски старт на баварскиот гигант

фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Баерн Минхен забележаа убедлива победа на стартот од новата натпреварувачка сезона во Бундеслигата.

Баварскиот гигант како гостин го декласираше ланскиот шампион во Лигата на Европа, Ајнтрахт во Франкфурт со резултат 1:6.

Играчите на тренерот Јулијан Нагелсман водеа со 2:0 веќе во 11 минута од натпреварот, откако во листата на стрелците се запишаа Џошуа Кимих и Бенџамин Павар, а до полувремето мрежата на Кевин Трап ја наполнија Садио Мане, Џамал ​​Мусијала и Серж Гнабри, додека во вториот дел Мусијала постигна повеќе еден гол, за Коло Муани донекаде да го спаси образот на домашните.

Актуелниот шампион на Германија покажа зошто и оваа сезона е прв фаворит за титулата во првенството на Германија.

По заминувањето на првиот напаѓач на тимот Роберт Левандовски во Барселона, Нагелсман кажа дека неговата екипа ќе биде уште посилна од него и се чини дека е во право. Разиграниот Баерн лесно правеше акции, а можеше да оствари и поубедлива победа.

Бундеслига 2022/2023

1. коло

Петок:

Ајнтрахт Франкфурт – Баерн Минхен 1:6

Сабота:

Аугсбург – Фрајбург 15.30 ч

Борусија Менхенгладбах – Хофенхајм 15.30 ч

Бохум – Мајнц 15.30 ч

Унион Берлин – Херта 15.30 ч

Волфсбург – Вердер Бремен 15.30 ч

Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен 18.30 ч

Недела:

Штутгарт – Лајпциг 15.30 ч

Келн – Шалке 17.30 ч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот