ВИДЕО | Австралиец и неговото куче преживеале три месеци на океан: Јадел риба и пиел дождовница

Фото: Принтскрин/9News

Австралискиот морнар Тим Шедок, кој помина три месеци на Пацификот преживувајќи со јадење сирова риба и дождовница, сега е „стабилен и многу добро“, изјавил лекар, кој бил дел од екипата што ги спасиле морнарот и кучето.

Шедок, 51-годишен маж од Сиднеј, и неговото куче Бела во април тргнале од Мексико за Француска Полинезија. Меѓутоа, неколку недели подоцна невреме го оштетило нивниот брод.

Тим и кучето биле спасени од рибарски брод оваа недела откако биле забележани од хеликоптер. Лекар, по спасувањето, изјавил за австралиски „9Њуз“ дека Шедок има „нормални витални знаци“.

Шедок го започнал своето патување долго повеќе од 6.000 километри од мексиканскиот град Ла Паза. Но, набрзо тој се изгубил на океанот откако лошото време ја уништило електрониката на неговиот брод. Поради тоа тој и неговото куче Бела останале да пловат во Пацификот.

Кога конечно го пронашле покрај брегот на Мексико неколку месеци подоцна, Тим бил многу послаб и со долга брада.

„Поминав низ многу тешка ситуација на море“, рекол тој во видеото кое го добил „9Њуз“. „Само ми треба одмор и добра храна бидејќи долго време бев сам на море. Инаку, јас сум во добра здравствена состојба. Имам многу добри лекови, се грижат за мене многу добро“, рекол Шедок, додавајќи дека приборот за риболов му помогнал да преживее. Успеал да избегне изгореници со тоа што се засолнил под настрешницата на својот брод.

Лекар специјалист рекол Тим ќе почне да закрепнува така што на почетокот ќе му се даваат мали порции храна.

 


Професорот Мајк Типтон, експерт за преживување на океани, вели дека среќата била само дел од неверојатната приказна на морнарот и кучето.

„Тоа е комбинација од среќа и вештина“, изјавил за „Викенд тудеј“.

„И исто така, знаејќи на пример, како што Тим правел, дека во текот на жештината во денот треба да се заштитите бидејќи последното нешто што го сакате кога сте во опасност е да дехидрирате и да се потите“.

Австралиските медиуми ја споредија неговата приказна со холивудскиот филм „Cast Away“ со Том Хенкс во главната улога, каде што еден човек останува сам на остров по несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот