KF Arsimi

ВИДЕО: Арсими ја доби битката со Силекс на ужасниот терен во Кратово

Арсими приреди уште едно изненадување и во Кратово го совлада Силекс со 3-1, откако во минатото коло ја победија Шкендија со 3-0.

Екипата од Чегране подобро се снајде на тешките услови за игра на теренот во Кратово каде што двете екипи сепак создадоа прилично голем број на шанси.

И Силекс и Арсими промашија по две сто-процентни шанси, а најблиску до гол беа домашните преку Бутуровиќ, кој со глава ја погоди стативата на голот што го бранеше Исљами. Но, токму кога се очекуваше првото полувреме да заврши без голови, Арсими ја казни несигурноста на Силекс. Велија проби по десната страна и му асистираше на Хуриќ, кој од прва погоди за водство на гостите.

Во вториот дел Силекс тргна офанзивно по израмнување, но наместо тоа прими уште еден удар. По една одбиена топка во казнениот простор, Ајдини реагираше најбрзо и прецизно стрелаше во долниот десен агол за 2-0.

Кратовци не се предадоа. По ударот од далечина на Донов што заврши во стативата, Мирчевски ја префати одбиената топка и погоди во празната мрежа, внесувајќи надеж дека резултатот може да се врати.

Но таа надеж траеше кратко. Таипи, речиси на идентичен начин како и Ајдини, успеа да го надмудри Џеков и да ги постави конечните 3-1 за Арсими. До крајот на дуелот Ајдини постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради офсајд.

ВИДЕО | На теренот во Кратово има повеќе кал и вода отколку трева, ужасни услови за игра на дуелот Силекс – Арсими

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот