ВИДЕО: Арсенал сонува Лига на шампиони, Лидс во зоната за испаѓање

Арсенал не дозволи изненадување против Лидс/Лондон, Британија/8 мај 2022/Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Денеска во рамките од 36 коло во Премиер лигата Арсенал триумфираше над Лидс со 2:0, три важни бода за играчите на Микел Артета во трката за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Уште во петтата минута на стадионот „Емирати“ во Лондон беше постигнат првиот гол на „топџиите“, после една грешка на Мелие кој не реагираше најдобро, тоа го искористи Нкетиа за водство.

Само пет минути подоцна истиот играч ја зголеми предноста после асистенцијата на Мартинели. Проблемите за гостите се зголемија после црвениот картон кој го доби Ејлинг поради груб прекршок.

Фудбалерити на американскиот менаџер Марш во вториот дел успеаја само да го ублажат поразот преку Љоренте во 66 минута.

Овој пораз на клубот од „Еланд роуд“ оди во корист и на Евертон кој славеше на гостувањето кај Лестер со 1:2.

Сите погодоци беа реализирани во првиот дел, во шестата минута Миколенко ги израдува гостите, израмни Дака во 11, минута, а конечниот епилог го постави Холгејт (30`).

Домаќините имаа убави шанси во второто полувреме да израмнат, па и да направат целосен пресврт, но голманот на Евертон Пикфорд блескаше со своите одбрани.

Се одигра уште еден меч од оваа рунда, Вест Хем како гостин го совлада Норич со 0:4. Бенрахма двапати се запиша во листата на стрелците кај „чеканите“, а по еден погодок имаа Антонио и Ланцини.

Сега Лидс е во опасната зона за испаѓање, се наоѓа на 18 место со 34 бодови, колку што има и засега безбедниот Барнли на 17 место, а на 16 место се искачи Евертон со 35 бодови од 34 натпревари.

Премиер лига, табела –

1. Манчестер сити 83 бодови
2. Ливерпул 83
3. Челси 67
4. Арсенал 66

5. Тотенхем 62
6. Манчестер јунајтед 58

16.Евертон 35
17.Барнли 34

18.Лидс 34
19.Ватфорд 22
20.Норич 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот