ВИДЕО | Архитект Павловска: Насилие од капиталот, со еден вулгарен профит, не е пат за квалитетно урбанистичко решение

Даница Павловска, архитект, урбан планер
Даница Павловска, архитект, урбан планер / Утрински брифинг

Даница Павловска, архитект, урбан планер и коментатор на урбаното живеење во понеделникот испрати отворено писмо до градоначалничката на Град Скопје, во кое ја информира дека не функционира партиципативното тело иако формално постои, како и за значењето на ова тело.

-На почеток од мандатот секој политичар треба да има визија. Моето обраќање има добронамерна нота, станува збор за сознанија кои можат да ѝ користат. Ние го живееме ова време со својата нормалност која тоа не е. Партиципативното тело кое е предвидено на локалнот ниво треба да учествува во донесување на одлуки, но не како императив. Тоа тело постои, но функционира формално, а треба да биде многу важно за сите раководители во локалната самоуправа. Транспарентноста и инклузивноста се подразбира. Јас сум член на партиципативно тело на општина Центар и сакам да направиме влијание на управата и на општината и на град Скопје, вели Павловска за Утрински брифинг.

-ГУП-от е многу битен, се однесува на благосостојбата на жителите на градот. Тј истекува во 022 година и треба да се започне со суштинска работа. За тоа ни требаат податоци од пописот и нови сознанија, како што се климатски промени и енергетска ефикасност. ГУП-от секако доцни, па во таа смисла е и моето обраќање, да се направи нешто подобро, појаснува таа.

-На градоначалничката ѝ сугерирам, таа самата да одлучи кој би бил некој вид градски архитект како тело, предлага Павловска.

Холидеј Ин, зошто е проблем?

-Ова е атак на планерскиот систем и планот нема легитимитет. Начинот на живеење е нешто друго, планерот треба да се прилагоди на потребите. Ако ДУП-от не е во ред, ако нема сообраќајно решение имаме проблем. Сите параметри на ГУП-от се пробиени, двојно па и повеќе, и во однос на стапка на населеност и на стапка на изграденост. Сѐ што е донесено може да се менува, но по законска процедура, вели Павловска.

Каков е компромисот меѓу инвеститорите на една централна градска локација која е неискористена со години?

-Патеката до квалитетно решение не е насилие од капиталот, со еден вулгарен профит преку игнорирање процедури и игнорирање на јавниот интерес. Граѓаните никој не ги прашува. Јас предложив и предлагам референдум. Нека знаат граѓаните што им се нуди и нека одлучат, вели Даница Павловска, архитект, урбан планер и коментатор на урбаното живеење.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот