ВИДЕО АНКЕТА: Високите цени го испразнија тетовскиот пазар, пазарџиите гневни „корегираните цени се повисоки за 30 % од увозните“

Фото: Слободен печат

Се помалку купувачи, се помалку пазарџии а одлуките за замрзнување и корегирање на цените го испразни тетовскиот зелен пазар. На почетокот од пазарот има тезги полни со производи, во внатрешниот дел се повеќе празни тезги, дел се откажуваат од оваа дејност, а некои продаваат и по неколку килограми на овошје и зеленчук, колку како што велат да не седат дома.

Пазарџиите велат дека се збунети од секојдневните нови информации и одлуки, а револтирани се од последната одлука на Владата за кореција на цените кои според нив не реална.

Цената на доматот, краставиците и гравот од 95, а на пиперот 100 денари и смешна, ако се земе предвид дека увозните цени на овие производи се поскапи и за 30 %, велат тие.

„Ова веќе преминува во организиран криминал, сега и со храната почнаа да манипулираа, земаа од устата на граѓаните, срамота. Одиш на Кванташки ти велат 130 денари домат, Владата носи одлука ние да го предаваме 95, слично е и со другите производи. Сега и 130 денари да го продаваме доматот или гравот или краставицата пак не се исплаќа, а камоли 95 денари“, вели еден пазарџија кој не замоли да остане анонимен оти како што рече инспекциите се се почесто на пазарите.

На Тетовскиот зелен пазар ретко може да се забележи истакната цена на зеленчукот и овошјето, а купувачите се изнанадени од високите цени. Едно се зборува во јавност, друга е ситуацијата на терен.

„За никаде е ситуацијата, двесте денари е пиперот, 130 е доматот и Владата и трговците се е тоа далавера. Сега се празници, па ќе има на трпеза од се по малку, што да правиме тоа е тоа,“ вели еден купувач.

„Ќе видиме до крај како ќе биде. Владата си игра играчки ги качува па ги симнува цените, тука нема нормално ништо, самите пазарџии не знаат што прават, никој тука цена не ти кажува нема никој цена истакнато, кога ќе прашам колку е цената тогаш кажуваат. Се е залудно и лани беше 100 денари краставица пред празникот ,а сега веќе се се качува нагоре“, вели еден купувач кој го затекнавме на градскиот зелен пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот