ВИДЕО АНКЕТА | Граѓаните поделени за сработеното во Општина Центар: Лажни зборови, многу ветувања

Граѓаните остануваат песимисти за политиките на градоначалниците во Град Скопје, па речиси и воопшто да немаат надеж за подобро утре.

Анкетираните главно се разочарани и незадоволни од досега сработеното во Општина Центар, па искрено проговорија пред камерата на „Слободен печат“.

– Не гледам дека било што се работи, урбанистичката мафија го има парализирано центарот на градот, ова е хаос …, револтирано изјави еден граѓанин.

– Не сме задоволни од работата, нема никаква промена … Лажни зборови, лажни ветувања! Тонеме во депонија, нема никакво зеленило, изјави друг граѓанин.

Поддршка за досегашните реформи на советот и градоначалникот Горан Герасимовски имаше од малкумина, кои упатија комплименти и укажаа доверба да се продолжи со ова темпо на работа и во идниот период.

– Задоволен сум од работата на градоначалникот, ама не во целост. Подобрена е хигиената, средени се паркинзите.., изјави еден од анкетираните.

– Од Општина Центар примам стипендија за најдобар играч во училиште за кошарка, задоволен сум за поддршката кон младите. Ни фалат нови паркови и детски игралишта, што значи може да биде и подобро, потенцираше друг граѓанин.

Целата анкета можете да ја прсоледите на следното видео:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот