ВИДЕО| Андоновиќ: Што нареди Трамп на првиот ден од мандатот- влегување во нова ера или само популизам ?

Доналд Трамп и официјално стана нов претседател на САД. Тој вчера се врати во Белата куќа. Враќањето на Трамп на власт се очекува да промени многу работи, особено кога станува збор за економијата. Едно од најважните е укинувањето на климатските мерки и намалувањето на субвенциите за електричните возила.

Американскиот претседател може да одлучи се што влијае на федералната влада со издавање на свои директиви.

Извршните наредби се клучна алатка за секој американски претседател кој сака да остави свој белег на владината политика, а Доналд Трамп не губеше време веднаш по враќањето во Белата куќа.

Во првите часови од вториот мандат, Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница со Мексико и распореди војска, нареди повлекување на Америка од Светската здравствена организација, помилува 1.600 учесници во насилните протести и упадот на Капитол на 21 јануари 2021 година, по поразот на претходните избори од Џозеф Бајден.

Реши да стави крај на политиката на зелената агенда, изјави дека има само два пола – машки и женски, најави откажување на одлуката за затворање на платформата ТикТок во САД.

Во предизборната кампања најави и дека ќе ги отвори сите досиеја поврзани со атентатот на поранешниот претседател Џон Кенеди во 1963 година, како и на Мартин Лутер Кинг.

За време на неговиот претходен мандат, Трамп потпиша 220 извршни наредби, од кои некои беа оспорени на суд.

Во однос на Украина Трамп веќе им наложил на своите соработници  да организираат и договороат негов разговор со рускиот претседател Влаидмир Путин, со цел да го врати дијалогот кој повеќе од три години беше блокиран на релација Вашингтон Москва.

Целата анализа во видеото погоре во текстот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот