ВИДЕО | Андоновиќ: Пропаднати преговори, 64-километарска колона на руски тенкови, се подготвува решавачка битка за Киев

Руска армија/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Вчерашните преговори меѓу украинската и руската страна пропаднаа откако двете страни не се согласија околу дијаметрално различните позиции кои ги имаат и кои доведоа до војната во Украина.

Барањата на Руската страна очекувано не беа прифатени од Украина , која со подршка на меѓународната заедница и пред се западот и пркоси на руската воена интевренција. Самата причина за започнувањето на воената интевренција на Русија беше откако беше отфрлено нејзиното   барање упатено пред се до   западните држави да ги прифатат трите руски  главни барања- Денацификација, Демилитаризација на Украина , неутралност и меѓународно признавање на отцепениот полуостров Крим, поради што   Русија од 2014 се соочува со санкции од САД и западно европските држави.

Од друга страна за Москва се нерпифатливи барањата но и апетитите на Киев за влез во НАТО и ЕУ и враќање на анектираните украински територии од Русија.

Практично, доколку овие барања можеа да бидат исполнети од двете страни , немаше ни да дојде до воената инвазија на Русија. Сепак се смета дека првичниот контакт на двете страни и обид за дијалог е почеток, и се чека наредните денови нова средба на завојуваните страни.

Дотогаш и Русија и Украина на теренот ќе се обидат да издејствуваат што подобри позиции од кои би имале и подобра преговарачки услови.

Но она што во моментов се случува на теренот е далеку од некакво смирување на состојбите.

Денеска е 6-ти ден од рускиот напад и војната во Украина. И покрај очекувањата засега Русија на теренот , на војнички план нема некои значителни резултати односно досега нема освоено ниту еден украински град. Борбите се водат во неколку градови низ Украина каде украинската страна е увтрдена и не дозволува пробив на руските сили.

Од друга страна се чини дека руската армија се концентрира околу главниот град Киев кој шест дена е мета на борби и обид за влез на руските војници во градот.

Од страна на украинскиот сосед Белорусија, во Украина навлегла 64 километри долга колона од оклопни борбени возила на руската армија која најверојатно се позиционира за конечната битка за освојување на Киев. Овие трупи се распоредени во предградијата и наскоро се чека командата за  започнување на конечата пресметка. Руската рмија од вчера отвори коридор за евакуација на цивилите од градот

Од друга страна САД и НАТО не скриено и помагаат на Украина со испорака на најсовремено оружје и борбена техника. НАТО државите денеска најавија дека ќе и дадат на Украина и борбени авиони, што дополнително навестува дека војната ќе ескалира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот