ВИДЕО | Андоновиќ: По четири века колонијално владеење, Барбадос стана република

EPA/TATYANA ZENKOVICH

Со цел да ги прекине врските со колонијалното минато, Барбадос стана република на 55-годишнината од независноста, на 30 ноември, со што заврши функцијата шеф на државата на британската кралица Елизабета Втора на овој карипски остров.

Комисијата на Владата на Барбадос пред дваесетина години предложи промена на обликот на власта, а сè се забрза минатата година, обележана со движењето „Животите на црнците се важни“, пренесува Гардијан.

Миа Мотли, премиерка на Барбадос/Фото: EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

На 15 септември 2020 година, Владата на Барбадос објави дека карипскиот остров ќе стане република до 30 ноември 2021 година, на 55-годишнината од независноста, со што ќе се смени наследната кралска титула на претседателска функција.

Од друга страна, Барбадос останува членка на Комонвелтот, кој е лабав сојуз на Обединетото Кралство и поранешните британски колонии.

На официјалната церемонија, на која ќе присуствува и принцот од Велс, Чарлс, како претседател ќе положи заклетва генералниот гувернер Сандра Мејсон, чиј мандат ќе трае четири години.
Според британскиот весник, отфрлањето на британската круна е дел од поширока кампања која вклучува зајакнување на врските со африканските народи, од кои потекнуваат мнозинството жители на Барбадос.

Граѓаните бараат британската влада да плати отштета за нејзините историски злосторства.

„Шеќерната револуција“ од 17 век, која ја направи Англија исклучително богата, беше изградена на грбот на поробените Африканци однесени да работат на плантажите во Барбадос и другите острови на Карибите.

Определени според британскиот закон како имот, мажите, жените и децата кои работат на полињата со шеќер биле изложени на незамислива бруталност.

Студијата која се занимавала со биолошките остатоци на робовите во Барбадос, открила дека нивниот просечен животен век бил 18 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот