ВИДЕО | Андоновиќ: Навални на суд, мистериозно почина рускиот лекар кој го лекуваше од труењето, Путин стравува од либиско сценарио

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во Русија нов судски процес за клевета на опозиционерот Алексеј Навални, кој на 2 февруари беше осуден на 32 месеци затвор за кршење на претходната условна казна, додека беше на лекување во Германија откако беше отруен од нервен агенс Новичок.

Судот го разгледува обвинението против Навални за ширење „навредливи“ информации против ветеран кој го поддржа уставниот референдум со што се зголемија овластувањата на претседателот Владимир Путин. Навални се соочува со казна до пет години затвор за тој случај. Судењето се случува во време кога високиот претседател на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел е во Москва.

Во меѓувреме медиумите јавија дека ненадејно починал лекарот кој го лекувал Навални од последиците на труењето на гасот ,,Новичок“. Се работи за 55-годишниот заменик-главен лекар на болницата во рускиот град Омск, Сергеј Максимишин каде што првично се лекуваше опозицискиот лидер Алексеј Навални.Максимишкин беше лекар за анестезиологија и реанимација.

Во август 2020 година, Алексеј Навални беше примен во таа болница во сериозна состојба. Првичните информации беа дека станува збор за труење, но тогаш болницата негираше за таа дијагноза. Тогашниот шеф на болницата, Александар Мураховски, не им дозволи роднините на Навални да го посетат и одби да му дозволи да замине на лекување во Германија. Опозиционерот беше префрлен на германска клиника само откако неговата сопруга Јулија го упати случајот до Европскиот суд за човекови права. Мураховски подоцна напредуваше во здравствен министер за Омската област. Засега мистериозно ненандејната смрт на лекарот доаѓа по синоќешните најави на неколку американски сенатори дека ќе бараат директно да разговараат со сите лекари кои учествувале во лекувањето на Навални. Особено се потенцираше дека американската истрага е заинтересирана да зборува токму со лекарите од Омск кои први го прифатија Навални во тешка состојба.

Оттаму и мистериозното починување на Сергеј Максимишин, за чија смрт кратко беше објавено преку веб сајтот на болницата. Сомневањата дека руските власти можеби стојат зад обидот за ликвидација на Навални, ги подгреаа и неколку руски дисиденти кои се пребегани во Велика Британија.  Британскиот таблоид „САН“ објави тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин наводно стравува дека на Русија и се заканува Либиско сценарио и дека тој би можел да заврши како Моамер ел Гадафи. Стравувањата на Путин, како што тврди таблоидот, се поради протестите против апсењето и затворањето на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални кои ја зафаќаат цела Русија. Руско -американскиот историчар Јуриј Фијештински за ,,Сан“ тврди дека Путин ја зајакнува репресијата во земјата во страв од либиското сценарио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот