ВИДЕО | Ана Воронина, новинарка во Русија 24: ОБСЕ е добра платформа за дијалог, проблемот треба да го решиме заедно

Ана Ворнина, новинарка во ТВ Русија 24/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

На Самитот на ОБСЕ во Скопје, разговаравме со Ана Воронина, новинарка од рускиот телевизиски канал Русија 24 која пристигна заедно со руската делегација на чело со министерот за надворешни на Руската Федерација Сергеј Лавров.

П.Како гледате на присуството на вашиот министер овде во Скопје?
Претходната и оваа недела имаше многу разговори за тоа дали Бугарија или други земји ќе дозволат прелет кон Скопје за нашиот министер. Бевме многу заинтересирани за тоа бидејќи минатата година Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија забранија летови за нашиот министер. Денеска ова го гледам не како победа туку дека европските земји се подготвени да продолжи дијалогот со Русија за изнаоѓање некакви начини за решавање на овој проблем. Бидејќи не е проблем само за европските земји, не е само проблем за Русија, мислам дека е проблем за сите земји, за целокупната меѓународна стабилност. Значи треба да го решиме овој проблем заедно. Оваа платформа, ОБСЕ е добра за дијалог, можам да го видам тоа. Нашиот министер може да сретне многу претставници на други земји. Има билатерални разговори денеска, на пример со Италија, со Малта за изнаоѓање некакви мирни начини или некакви начини за нов дијалог. Мислам дека, јас како што гледам, ова не е победа туку можеби победа за двете страни (Русија и ОБСЕ).
П.Да, но некои министри не дојдоа поради неговата посета, а некои заминаа порано?
Да, тоа е во ред. Секој има слободна волја за присуство овде. Ја разбирам позицијата на Украина и на балтичките земји. Тие одлуката не ја донесоа денеска. Ние имаме проблем со односите на политичко ниво со овие земји повеќе години, па ова не е еднодневна одлука. Ние бевме подготвени за вакви потези но за мене, чудно е, не можам да разберам, ако Украина сака да заврши ова зошто не сакаат дијалог, можеби не директно со Русија, но со помош на други земји. За мене овој самит е добро место за тоа, зошто не може да се направи тоа овде?
П.Не знам дали го слушнавте Борел кога кажа дека министерот Лавров ќе има шанса да слушне кој е одговорен за војната?
Мислам дека овие речиси две години имаше многу обвинувања, слушнавме многу двојни стандарди можеби. Ако ја видите ситуацијата на Блискиот Исток како се покажуваат двојни стандарди сега. Чувствувам дека ако не само за слушање туку за изнаоѓање нов начин на дијалог.
П.Очекувавте ли средба со Блинкен?
Не, бидејќи вчера и два дена претходна нашето Министерство за надворешни работи ги информираше медиумите дека нема да има средба на Лавров и Блинкен бидејќи САД не го побарале тоа.
П.А и вие не побаравте?
Нашите медиуми не прашаа дали имало таква понуда, едноставно не знам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот