ВИДЕО: Американците му се реваншираа на Мексико и го освоија „Голд купот“

Фото: Profimedia

Фудбалската репрезентација на САД доцна синоќа во големото финале на „Голд купот“ го совлада Мексико по продолженијата со резултат 1:0.

Американците на натпреварот одигран во Лас Вегас дојде до победата во 117 минута со погодокот на Мајлс Робинсон.

Така, по седмипат САД во 11 финале станаа шампиони на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ).

Мексиканците имаат осум титули во ова натпреварување, додека Канада еднаш триумфираше во 2000 година.

Токму овие две селекции се сретнаа во финалето и во текот на минатото издание, во 2019 година во Чикаго славеше Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот