ВИДЕО | Александар Николоски: Професорката Сиљановска е една од опциите за претседателски кандидат

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во пресрет на претстојните избори смета дека има неколку прашања што треба да бидат затворени.

Во интервју за „Слободен печат“ тој вели дека треба да се случат измени на Изборниот законик во делот на препораките на набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР кои тој ги нарекува технички и не задираат во политичкиот дел но се суштински за начинот на гласање. Потоа треба да се договори дали дефинитивно се оди на споени избори како и да се фиксира датумот.

Во однос на претседателскиот кандидат Николоски не ја отфрли можноста професорката Гордана Сиљановска Давкова повторно да се бори за оваа функција, но како што вели има и други кандидати, а конечната одлука ќе ја донесат на конвенција во јануари.

-Минатиот пат отидовме со професорката Сиљановска, тогаш имаше десет кандидати и имаше кандидати кои освоија добар број на гласови, така што не можам да претпоставам сега колку кандидати ќе има. Таа е една од опциите. Имаме и други опции, има повеќе имиња кои се заинтересирани да трчаат на изборите, квалитетни имиња во партијата и надвор од партијата но во следниве недели ќе имаме појасна слика, вели Николоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот