ВИДЕО | Ако може да колеме јагниња и телиња, само кучињата ли ќе ги чуваме? – прашува Мерко

фото: Фејсбук/Рамиз Мерко

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, денеска изјави дека е сосема оправдано и нормално да се убиваат кучињата-скитници, додавајќи дека во селските општини полнеле цели тракторски приколки со убиени улични кучиња, пренесе „Охрид1“.

„Ако можиме да колеме јагниња, да колеме телиња, да колеме овци, овни, да тепаме диви животни, да ловиме риба, сѐ правиме што ни е потребно за наш живот, а единствено ќе ги чуваме кучињата?. Да, нека ги чуваат оние ги имаат дома, сѐ друго не може да се чува. И во законот пишува дека ризичните кучиња треба да се уништат, а кај знаеме кое е ризично? Луѓе се убиваат, па некој не сноси одоворност, кучиња се убиваат, па треба градоначалниците да сносат одговорност“, рече Мерко на седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.

„Јас имам пуштено предлог за измени и дополнувања на законот по мое видување, но ова треба да го направиме заедно. Едно време сите ги тепавме. И со закон бевме заштитени. Тендер правевме со ловното друштво, тие излегуваа ноќе и секое куче кое е надвор од контрола се отстрануваше. Еве отворено ќе кажам по селските општини ги ништат. Кој сака нека речи што сака. Еве, јас отворено кажувам, не се плашам ни од закон ни од ништо: „Ми рече еден во Мислешево јас наполнав цел трактор. Напаѓаа на стока, напаѓаа на луѓе“, додаде струшкиот градоначалник.

Изјавата на Мерко доаѓа откако пред неколку месеци, во Струга се случи ужасен масакр на улични кучиња, кога човек вооружен со пушка одеше по улиците на градот и бараше кучиња за да ги застрела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот