ВИДЕО | Африм Гаши: Коалицискиот капацитет на партијата остава можност за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ

Африм Гаши - претседател на Алтернатива / Фото: „Слободен печат“

На прашањето на „Слободен печат“ дали коалицијата Европски сојуз за промени постизборно ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на Алтернатива Африм Гаши вели дека политичкиот спектар во Македонија и поставеноста на партиите на етничка сонова налага партијата да гради широк коалициски капацитет, ако не таа е осудена на пораз и да биде во ситуација да не може да ги реализира своите цели.

Според Гаши, на Алтернатива и на Европскиот сојуз за промени најважен приоритет се европските интерграции.

Симнувањето на ДУИ од власт не им е главна цел, тоа ќе биде само колатерална последица, но дека примарна цел е да донесат ротација и демократија во албанскиот блок. ДУИ, вели Гаши, од проблем за себе стана проблем за сите.

Целиот разговор со претседателот на Алтернатива Африм Гаши погледнете го во продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот