ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

адел
Адел / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Адел низ солзи соопшти дека ги откажува сите предвидени настапи во Лас Вегас, 24 часа пред самиот почеток.

„Многу ми е жал, но шоуто не е подготвено“, им рече ѕвездата на обожавателите низ солзи на својот инстаграм-профил. „Половина од мојот тим има ковид“, откри Адел, додавајќи дека овие одложувања ги уништиле нејзините планови

Пејачката требаше да одржи 24 концерти во „Caesars Palace’s Colosseum“ почнувајќи од денес, а истите беа најавувани уште од крајот на ноември. Адел требаше да изведува две шоуа секој викенд до април.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Билетите се движеа од 85 долари до 685 долари, а се предвидуваше дека Адел ќе заработи огромна сума пари.

Тие требаше да бидат нејзини први концерти во живо по цели пет години пауза. Заедно со двата наспати во лондонскиот Хајд Парк ова лето, тие се единствените шоуа што таа ги најави за промовирање на четвртиот албум „30“.

Адел откри дека била „будна 30 часа“ обидувајќи се да ја спаси продукцијата, но едноставно немало доволно време.

„Беше невозможно да се заврши шоуто“, додаде таа. „Не можам да ви го дадам тоа што го имам во моментов и се чувствувам ужасно“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Адел им се извини и на обожавателите кои веќе пристигнале во Лас Вегас за првиот викенд.

„Се извинувам што ова се случува во последен момент. Многу сум вознемирена и навистина ми е непријатно и многу ми е жал за сите што допатуваа… Ќе ги презакажеме сите датуми, ние сме на тоа во моментов. Ќе ги презакажеме сите шоуа“.

Многу фанови ѝ дадоа поддршка на социјалните мрежи велејќи дека тоа е правилна одлука и посакувајќи добро на неа и на нејзиниот тим. Но, некои се соочуваат со загуба на стотици долари од резервации за летови и хотели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот