ВИ ОТКРИВАМЕ ТАЈНА: Како да ја победите срамежливоста за време на се*с?

секси пар
Фото: Профимедиа

Срамежливоста и несигурноста се сосема нормални, но морате да ги надминете за да бидете задоволни.

Најпрво, како и секогаш, така и во оваа ситуација, комуникацијата е најважна. Без разлика дали сте слободни или интровертни, мора да разговарате со партнерот, да ги разграничите вашите желби, фантазии и стравови, за да не дојде до конфликт.

Ваквата несигурност се појавува најчесто на почетокот на нова врска, кога уште не се познавате доволно добро со партнерот. Поради тоа е важно да комуницирате и да бидете поотворени за нови нешта, но и јасно да ги нагласите оние кои ви пречат.

Целосно е нормално да немате доволно самодоверба да испробате нова поза или некоја секси-игра. Експериментирањето е уште потешко доколку сте несигурни во својот физички изглед или ако не сте многу искусни во еротските игри.

Од каде доаѓа срамежливоста?

Најчесто, причината е стравот од осудување. Но, имајте на ум дека ако веќе сте стигнале до кревет, тогаш веќе е повеќе од сигурно дека го привлекувате партнерот и нема потреба да се прашувате дали им се допаѓате голи.

Овие несигурности постојат и кај мажите и кај жените и се поврзани со одредени физички карактеристики или пак, со самиот сексуален перформанс и стравот да не сте доволно добри.

За да го надминете тоа, имајте на ум дека веќе сте доволно блиски, физички сте еден до друг, телата ви се припиени и тоа треба да направи да се чувствувате поудобно.

Како да го победите овој страв?

Како што веќе нагласивме, комуникацијата е најважна за да можете да се најдете на заедничката почетна точка и оттаму да продолжите да го градите односот.

Овој проблем е многу полесен за решавање отколку што ни се чини. Треба да ги детектирате мислите кои ве кочат во процесот и да проанализирате она што ги предизвикува. Со ова, веќе е поминат најголемиот дел од надминувањето на стравот, срамот и несигурноста.

Од оваа точка, нештата можат да одат само на подобро, па затоа разговарајте, комуницијрајте и дефинирајте ги границите. Кажете што ви се допаѓа, а што не, но и почитувајте ги и размислувањата на партнерот. Па, дури и да се случи некоја грешка, не е крај на светот. Веќе следниот пат ќе биде многу подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот