Ветеринар открива: Зошто не треба да дозволите вашето куче да си игра со тениско топче

Фото: Pexels/ Juris Freidenfelds

Еден познат ветеринар кој постојано објавува совети за чување на кучиња, овој пат предупреди за користењето на тениското топче, кое сигурно мислевте дека е безбедна играчка за вашето милениче, пишува „Мирор“.

Д-р Хантер Фин сподели со своите 2,1 милиони следбеници дека тениското топче не е толку безбедна играчка за кучињата и дека всушност може сериозно да им наштети на вашите миленици. Неговиот совет стана вирален на ТикТок платформата, а набрзо по тоа, неговите следбеници бараа одговори зошто.

„Кога ќе фрлите тениско топче на подот и кучето ќе го подигне, тоа се фаќа во плунката, нечистотијата и песокот, и во основа се прави како груба хартија. Таа груба површина на тениското топче, потоа ќе почне сериозно да ја оштетува внатрешноста на устата на кучето додека се „врти“ во неа“, вели тој.

Тој дадае дека, колку подолго таа топка се врти во устата на вашето куче, кое си игра со неа, толку полошо ќе влијае на кучето.

Фото: Pexels/ daniel bendig

Исто така, д-р Фин рече дека таквата игра може сериозно да ги оштети и забите на вашето куче, додавајќи дека ваквата повреда може да ги чини сопствениците на домашни миленици цело богатство при посетите на ветеринар.

Наместо тенис – гумена топка

Д-р Фин ги посоветува своите следбеници да изберат гумена топка или нешто со помазна површина, што нема да собира нечистотија и ќе биде безбедно за нивните миленици. Исто така, предупреди да не купувате свински кожи и коски за вашето куче.

Тој рече дека варените коски и свинската кожа се „одличен начин да се потрошат илјадници за вадење заби кога забите се истрошени или скршени“.

Многу корисници на ТикТок беа шокирани информацијата за тениското топче – додека други рекоа дека виделе како тениското топче го „уништува“ здравјето на нивните миленици. Еден корисник коментирал дека веднаш престанал да му дава тениско топче на своето куче пред неколку години, откако стоматологот му го кажал истото.

@dr.hunterfinn #greenscreen #drfinn #petmethod #petmethodveterinary ♬ i walk this earth all by myself – Ekkstacy

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот