Луис Нани/Nani FB

Ветеранот Луис Нани по две години во пензија се врати на терените и потпиша за нов клуб

Португалската фудбалска ѕвезда Луис Нани ќе се врати на фудбалските терени, и тоа на 39-годишна возраст, откако по двегодишна пауза одлучи да ја прекине пензијата и да потпише за казахстанскиот клуб Актобе.

Нани ја заврши професионалната кариера во 2024 година во дресот на Естрела Амадора, но очигледно желбата за играње повторно надвладеа, па искусниот офанзивец одлучи повторно да ги облече копачките.

Најуспешниот период од кариерата го имаше во Манчестер јунајтед, каде што настапи на 147 натпревари и постигна 25 погодоци. Во еден период беше сметан за можен наследник на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, но тие очекувања никогаш не ги исполни.

Покрај Манчестер јунајтед, Нани настапуваше и за низа реномирани европски клубови, меѓу кои Лацио, Спортинг Лисабон, Валенсија и Фенербахче. Во репрезентативниот дрес на Португалија забележа 112 настапи и постигна 24 гола, а беше и дел од златната генерација што ја освои титулата на Европското првенство во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот