Вера Коцо : Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми

Вера Коцо сега од Институтот за човекови права
Вера Коцо, Институт за човекови права / Утрински брифинг

Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми. Реакцијата на америсканската амбасадорка за Апелациониот суд е со право, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“вели поранешната врховна судијка Вера Коцо во интервју за Радио Слободна Европа.

Таа во интервјуто за РСЕ ги коментира смените на двете претседателки на судкиот совет велејќи дека зад промените стои несопособност во менаџирањето на оваа инстиитуција.

-Ова сега што се случи во Судскиот Совет некако како да беше очекувано дека ќе дојде до такво нешто. Не дека таа ( претседателката Весна Дамева) покажа неспособност во извршувањето на нејзината функција, меѓутоа за да се менаџира еден таков Совет, едно такво тело кое треба да се грижи за самостојноста и независноста на целокупното судство во нашата држава е навистина тешка и комплицирана работа. Ова што сега последно се случи, јас ќе кажам еден грчки збор што значи аномија – вели Кацо.

Поранешната врховна судијка случајот во Судскиот совет го окарактеризира со грчкиот збор аномија што значи непочитување или непостоење на законски одредби и изостанување на морални норми или вредности.

-Случувањата во Судскиот совет можат да се поистоветуваат со непочитување или непостоење на законски одредби и изостанување на морални норми или вредности. Напротив она што се случуваше за мене претставува аномичен настан. Да се реагира на таков начин, независно дали таа ја исполнувала солидно нејзината функција во овие 4 и пол месеци, е навистина голем предизвик. Како успевала да ги менаџира состојбите во Советот, јас не знам.

Но, ова што се случи e недозволено. Не е дозволено од страна на нејзиниот заменик, да си земе за право во нејзино присуство да го преземе водењето на седницата, да нафрлува работи кои не се испитани и наједноставно ги повика присутните да гласаат за нејзино разрешување. Со кое право? Немаше такво право, од причина што со Законот за судски совет не е предвидено разрешување на претседател на Судски Совет – вели Коцо за РСЕ.

Таа во исто време додава деака има постапка за разрешување на член на Судски Совет. Има постапка за разрешување на член на Судски Совет, но претходно треба да се води дисциплинска постапка, па потоа додека се утврдат оние потребни околности во однос на некакво непочитување на законот или неспроведување на работа на СС.

Коцо се осврна и на реакциите на американската амбасадорка во земјава Агелер кои според неа се оправдани во целост.

  • Нашата држава е под мониторинг, не само заради пристапот кон оние најавувани преговори за влез во ЕУ, меѓутоа од поодамна се врши мониторинг од страна на повеќе амбасада, не само на американската амбасада: што се работи во земјата, како и на кој начин се работи, бидејќи и тие имаат многу проекти што ги финансираат во однос на проекти поврзани со остварување на судската функција.Во овој случај американската амбасадорка со право реагираше.Таа не се мешаше во оценувањето на предметите, туку наједноставно изрази загрижувачки став – што се случува со предметите коишто се од висок профил криминал, дали навремено се решаваат или истите тежнеат кон застарување, што во случајов се случи – посочува Коцова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот