Арсен Венгер/фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Венгер со јасен став: Франција е супер-фаворит за Светското првенство

Легендарниот фудбалски стратег Арсен Венгер ги сподели своите размислувања за фаворитите на претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.

Францускиот тренер, кој има боженствен статус во Арсенал и денес ја извршува функцијата шеф за глобален развој на фудбалот во ФИФА, истакна дека неговата родна Франција е најголемиот фаворит за титулата.

Французите на последните два Мундијала стигнаа до финале — во 2018 година ја совладаа Хрватска во Русија, а во 2022 во Катар беа поразени од Аргентина по изведување пенали.

„Се обидувам да бидам што е можно пообјективен, но сметам дека Франција е супер-фаворит. И тоа од една причина — има повеќе напаѓачи од светска класа отколку која било друга репрезентација. Таков состав и таква клупа се разлика што може да пресуди“, изјави Венгер.

Останува да се види кои имиња селекторот Дидиер Дешам ќе ги однесе на Светското првенство, а напаѓачката сила на „триколорите“ за која зборуваше Венгер ја сочинуваат играчи како Килијан Мбапе, Усман Дембеле, Кингсли Коман, Маркус Тирам, Рандал Коло Муани, Бредли Баркола, Мајкл Олесе, Флоријан Тован, Уго Екитике, Дезире Дуe, Жан-Филип Матета и други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот