Велосипедист прегазен во Охрид, со тешки повреди пренесен во болница

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вчера во 15.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Македонски просветители“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „шкода“ со албански национални ознаки, управувано од четириесет и петгодишниот Д.Г. од Република Албанија и четириесет и петгодишниот велосипедист Ц.К. од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот