Вељаноски: Не постојат никакви причини изборите да бидат одвоени

Фото: МИА

Не постојат никакви причини претседателските и парламентарните избори да се одржуваат одвоено, освен поради партиските калкулации на власта, тврди поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на Фејсбук. Вељаноски излезе со свој став откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара двојни избори, а премиерот Димитар Ковачевски повтори дека претседателските и парламентарните избори ќе се оддржат во редовбите термини.

-Од прегледот на изборните процеси во Република Македонија во изминативе 33 години може да се забележи дека дури во три наврати ( односно во 1994, 2009 и 2014 година ) се одржале два изборни процеси истовремено.

Отаму, кога станува збор за следните парламентарни и претседателски избори, апсолутно јасно е дека не постојат никакви финансиски, економски или безбедносно-политички причини да имаме оддвоени претседателски и парламентарни избори, освен заради партиските калкулации на власта – смета Вељаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот