Велешкиот пливачки маратон со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција

На езерото „Младост” денеска ќе се одржи Велешкиот пливачки маратон кој годинава станува меѓународен со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција.

Натпреварите ќе се одвиваат во три категории – трка на 2,5 километри, трка на на 5 км и олимписка дисциплина на 10 километри во машка и женска конкуренција.

Маратонот се одржува под покровителство на општина Велес, а организатори се здруженијата „Клуб 28″, КК „Бабуна” и Националната пливачка федерација.

Според Горан Стојановски од Националната прливачка федерација, годинава маратонот е организиран на највисоко ниво. На него, како што изјави, ќе учествуваат најдобрите пливачи од земјава, а обезбедени се и парични награди и признанија кои ќе бидат доделени во 15 часот.

– За догодина ќе предложам Велешкиот пливачки маратон да влезе во Фино Светската серија за маратони, а тоа за него ќе значи да учествуваат звучни имиња од маратонското пливање во светски рамки, изјави Стојановски.

За време на маратонот ќе бидат ангажирани 30 спасители на вода од Велес и Скопје, а ќе има и спасители на вода од БУгарија. Поддршка на маратонот ќе даваат и 20 кајакари од КК „Бабуна” од Велес”. Пред натпреварите, лекарска екипа ќе ја проверува и здраствената состојба на натпреварувачите.

Велешкиот пливачки маратонот годинава ќе биде посветен на неодамна починатиот др Милчо Трајков кој беше претседател на Црвениот крст и поддржувач на маратонот и на спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот