ВЕЧНА ИНСПИРАЦИЈА: Најубавите цитати од Лујза Хеј, кога ќе му кажете „да“ на животот, и животот ќе ви каже „да“

pixabay

Љубовта никогаш не е надвор од нас, секогаш е во нас самите.

Психологот и писателка Лујза Хеј беше една од најпознатите учители на животни вештини, а нејзините мисли и афирмации ги мотивираат до ден денес луѓето од сите страни на светот. Инаку, Хеј почина во 2017 година, во сон, мирно, имаше полни 90 години.

Таа беше инспирација на многумина бидејќи успеа сосема да ја пресврти својата судбина. Имала тешко детство, родителите ја напуштиле, преживеала силување и живеела на работ на гладта, а еден од пресвртите во нејзиниот живот било и тоа што го победила ракот.

Лујза Хеј тврдеше дека ракот на матка го победила само за шест месеци со помош на афирмации, визуелизации, здрава исхрана и психотерапија. Беше убедена дека се разболела само порати тоа што со години во себе го чувала гневот поради сè што преживеала.

„Клучот на лекувањто е во љубовта кон себе и прифаќањето на она што сме“, нашиша во својата книга-бестселер „Како да го излечите духот и телото“.

Откако оздравела, Лујза Хеј се посвети на пишувањето и постигна огромен успех, нејзините дела се преведени на повеќе од 30 светски јазици, а самата таа стана пример на многумина. Со својата техника на самолекување и позитивна психологија им помагаше на милиони луѓе ширум светот да се засакаат самите себе и својот живот да го направат убав и исполнет.

Мислите на Лујза Хеј до денес ги испирираат луѓето ширум светот. Еве само некои од нив:

– Љубовта никогаш не е надвор од нас, секогаш е во нас самите.

– Во вечноста на животот сè е совршено, цело и комплетно, јас веќе не избирам да верувам во старите ограничувања, избирам да се видам себеси како што ме гледа универзумот – совршена, цела и комплетна.

– Можеби не знаеме како да простуваме, и можеби не сакаме да простуваме, но кога ќе кажеме дека сме подготвени да простиме, почнува нашето исцелување.

– Минатото е минато и не можеме да го смениме. Ова сега е единствен миг кој можеме да го искусиме. Длабоко во центарот на моето битие е бесконечното добро и благодарноста. И сега дозволувам таа благодарност да ми го обземе срцето, телото, умот, свеста, целото мое битие. Таа се шири од мене, во сите насоки, допирајќи сè во мојот свет и враќајќи ми се преку други работи на кои треба да им бидам благодарна. Што повеќе благодарност чувствувам, сè повеќе сум свесна дека нејзините залихи се неисцрпни.

– Имате моќ да се излечите себеси и за тоа мора да бидете свесни. Често мислиме дека сме беспомошни, но тоа не е точно. Моќта е во нашиот ум. Кажете си го тоа на себе и искористете ја својата моќ.

– Ако прифатите да верувате во ограничувања, тие стануваат вистина.

– Љубовта е најголемата лековита сила што ја познавам. Љубовта може да ги излечи дури и најдлабоките, најболни сеќавања, зашто љубовта носи светлина на разбирањето на најтемните катчиња на нашето срце и нашиот ум.

– Кога вие ќе му кажете „да“ на животот, и животот вам ќе ви каже „да“.

– Вие сте единствената личност која ги одредува мислите на вашиот ум! Вие сте моќ и авторитет во својот свет. Ниедна личност, место или работа немаат никаква моќ над вашата, зашто вие сте единствениот мислител во својата глава.

– Биди подготвен за љубов кога таа ќе дојде. Подгответе се и бидете подготвени да ја храните љубовта. Сакајте и ќе бидете сакани. Бидете отворени, подготвени да ја прифатите љубовта.

– Самоодобрувањето и самопочитувањето во овој момент се главни клучеви за позитивни промени во секоја област од вашиот живот.

– Секоја наша мисла ја обликува нашата иднина.

– Согледајте ги проблемите кои ве мачат, и запрашајте се како сте размислувале кога сте ги создале.

– Веќе со години се критикувате самите себе и ништо не ви оди. Обидете се да се поддржите самите себе и ќе видите што ќе се случи.

– Јас ѝ велам „надвор“ на секоја негативна мисла која ќе ми падне на ум. Ниедна личност, место ниту работа немаат никаква моќ над нас, зашто вие управувате со своите мисли. Вие ја креирата својата реалност и сè што е во неа.

– Секојпат кога размислувате, секојпат кога ја користите визуелизацијата за исцелување, секојпат кога ќе кажете нешто за исцелување, се поврзувате со истомислениците ширум светот кои ја сакаат истата работа.

– Духовно растеме кога ја прифаќаме одговорноста за сопствениот живот.

Бидете подготвени да го направите првиот чекор, колку и да е мал. Сконцентрирајте се на фактот дека сте подготвени да учите и да научите. Апсолутни чуда се случуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот