Ватикан започна истрага за тоа како „лајкот“ на папата завршил на фотографијата на полуголата Бразилка
Ватикан започна истрага за мистериозниот „лајк“ што беше ставен од официјалниот профил на папата Франциск на фотографијата на бразилската манекенка Наталија Гарибото.
Препорачано
Извори за Католичката новинска агенција тврдат дека во тек е внатрешна истрага во врска со овој случај.
Веста се прошири на 13 ноември, кога социјалните мрежи се преполнија со „принтскринови“ од профилот на Наталија, а агенцијата за која работи Гарибото објави фотографија со лајкот на Инстаграм, со коментар дека добиле и официјален благослов од папата.

Веќе следниот ден „лајкот“ беше отстранет.
Дури и Наталија го коментираше случајот.
„Барем сега ќе одам во рајот“, напиша таа.
At least I’m going to heaven https://t.co/w3nMYWVR6T
— Natalia Garibotto (@NataaGataa) November 13, 2020
Официјалниот профил на папата го води тим составен од неколку луѓе, а од Ватикан велат дека е исклучена можноста фотографијата да е „лајкната“ оттаму, па бараат објаснување од Инстаграм.


