Запознајте ја Наталија Гарибото – моделот што го „стресе“ Ватикан по објавата дека папата Франциск „лајкувал“ нејзини фотографии на Инстаграм

Скандалот што изби откако на Папата Франциск му се „допаднале“ фотографии на Инстаграм профилот на 27-годишната манекенка Наталија Гарибото ја изненади јавноста.

EPA
EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Секој корисник на социјална мрежа може случајно да „лајкне“ нечија фотографија, но никој не очекуваше дека ќе го забележи името на поглаварот на Католичката црква под објава на бразилска манекенка што позира во долна облека.

Наталија Гарибото е модел на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа има над 2 милиони следбеници и своја официјална веб-страница, каде што изјавува дека можете да најдете необјавена содржина, пристап до нејзини видеа и многу повеќе.

Instagram
Instagram

Будните очи на „Barstool Sports“ споделија видео на социјалната мрежа Твитер на кое се гледа  објава на Наталија Гаработо на нејзиниот инстаграм-профил а под фотографијата стои дека моделот добил „лајк“ од официјалниот Инстаграм профил на папата Франциск.

Папата има 7,2 милиони следбеници на својот Инстаграм профил, под корисничкото име „@franciscus“. Па затоа беше речиси невозможно некој од верниците да не го забележи официјалното име на профилот на папата на Инстаграм меѓу оние на кои им се допаднале фотографиите на бразилската манекенка.

Уживајќи ја оваа ненадејна планетарна популарност, Наталија се пошегува: „Барем ќе одам во рајот“.

Instagram

Како и да е, многу мали се шансите дека Папата управува со својот Инстаграм профил, што значи дека најверојатно станува збор за несреќен случај. Ватикан најверојатно ќе го промени актуелниот менаџер за социјални мрежи, по скандалот со лајкот на објавата од бразилската манекенка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот