Васил Гарванлиев ја претстави Mакедонија на евровизискиот настан „Europe Shine a Light“: Вечерва сите сме победници!

Instagram

Големото музичко натпреварување, Евровизија, се одржа синоќа, но сосема различно од претходните години, поради епидемијата на коронавирусот.

Водителите ја отворија вечерта поздравувајќи ги Европа и Австралија, која веќе неколку години се натпреварува.

Она што годинава се разликуваше е што всушност немаше натпреварување меѓу претставниците на државите, односно нема победник, а учесниците испратија пораки од своите земји.

Македонија ја претстави Васил Гарванлиев:

„Добро вечер Европа! Отворете ги срцата да прославиме вечер полна со љубов. Вечерва сите сме победници. Иако ја немав можноста да застанам на евровизиската сцена и да ја преставам Македонија во Ротердам, многу сум горд што сум дел од вечерашното шоу Europe Shine a Light. Ова е само почетокот! Ве сакам“, вели Васил.

Освен со песната со која требаше да ја претставува Македонија, Васил беше претставен и со дел од спотот за песната „Гердан“, во кој можеа да се видат Колешинските водопади.

Целиот негов настап може да го видите тука, на шестата минута:

Изменетата евровизиска вечер нè потсети на многу познати евровизиски хитови, а српската победничка Марија Шерифовиќ, низ празните улици на Белград ја отпеа победничката „Молитва“.

Ротердам го задржа правото да биде домаќин на Евровизија во 2021 година, но учесниците ќе треба да изберат нова песна. Некои држави, како Грција, Бугарија и Шпанија, најавија дека ќе го испратат истиот изведувач со цел да му дадат втора шанса, но со нова песна.

Проследете го целиот овогодишен настан на официјалниот јутјуб-канал на Евровизијата, кликнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот