Џулијан Васало, Фото: Слободен печат

Васало: Опозицијата ќе треба да потврди дека е за евроинтеграција

Одлуката за промена на Уставот е суверена одлука на секоја држава, а Северна Македонија веќе се обврза пред Бугарија дека ќе ги вклучи Бугарите и други заедници во Уставот, вели заменикот шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Џулијан Васало.

На денешниот брифинг со новинарите Васало го објаснуваше скрининг процесот и отворањето на преговорите со ЕУ по кластери и потсети дека без промена на Уставот нема одење напред. Освен ова упати уште едно потсетување до опозицијата во земјава со која што , како што кажа, има редовни контакти.

– Имам постојани контакти со опозицијата која секогаш тврди е за евроинтеграција. Во еден момент ќе треба да преземе одговорност и да докаже дека е за евроинтеграција на земјата, како што тврди – изјави Васало.

Во контекст на почеток на преговорите со ЕУ по промена на Уставот, но во услови на постојани провокации од Бугарија, вклучувајќи ја и последната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев, заменикот шеф на Делегацијата на ЕУ не одговори на залешката дека тоа се всушност провокации од ЕУ, бидејќи Бугарија е земја членка, туку само повтори дека проширувањата на Европската Унија се случуваат едногласно, со консензус.

– На секој чекор, во секога фаза, секогаш е можно една земја да направи проблеми. Но одлуките се носат едногласно и тоа не се менува – рече Васало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот