Вархељ: Ветото само по себе е драма, треба што е можно побрзо да се постигне договор меѓу Бугарија и Македонија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Околу тоа дали Македонија ќе добие одлука за почнување преговори во јуни еврокомесарот Вархељ рече дека  е тешко прашање, дека мора да се работи напорно и се уште не сме стигнати до таа цел. Тој нагласи дека ако не се постигне договор за преговорите со Македонија ќе се отвори и прашањето за одвојување на Албанија.

За неговиот став да не драматизираме и дека Македонија треба да одговори на бугарските барања искажан пред Европскиот парламент, дали се уште стои зад тоа, Вархељ рече:

-Тешко е да не се зборува за драма по вето. Ветото само по себе е драма. Она што правиме сега е да се вратиме во нормалноста што е можно побрзо, а тоа е да се постигне договор меѓу двете земји, што значи закажување на првата меѓувладина конференција меѓу Бугарија и Северна Македонија. Сега работиме на тоа, изјави тој. 

Околу ставот на Австрија за преговорите на Македонија повика на договор и австриската гостинка.

-Западен Балкан заслужува веродостојна евопска перспектива, а  особено Северна Македонија. Се надевам дека ќе се тргне блокадата на Бугарија и дека Македонија ќе остане на масата за преговори, како и другата страна. Ние ќе се бориме за време на претседателството на Австрија во втората половина на годината, ќе ги поддржиме и двете страни, Северна Македонија бидејќи аправи многу, но и другата страна, зошто сме дел од ЕУ и ги поддржуваме земјите членки. Не смееме да изгубиме време и да го изгубиме овој моментум. Западниот Балкан е многу важен за ЕУ од безбедносна точка и се надевам дека сите земји ќе останат на масата за преговори, рече австриската министерка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот