Фото: ФК Вардар

Вардар победи против Пелистер, па остана без тренер

Од редовите на Вардар сосема неочекувано објавија дека тренерот Горзад Михаилов си заминува од клупата на црвено-црните.

Објавата за заминување на Михаилов е изненадување затоа што доаѓа само еден ден по победата на Вардар во вечното дерби против Пелистер. Од клубот не открија повеќе детали истакнувајќи дека Михаилов заминува поради лични причини.

Фудбалскиот клуб Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михаилов, досегашниот шеф на стручниот штаб, поднесе оставка на функцијата и повеќе нема да ги предводи црвено-црните. Тој си заминува поради приватни причини, а со раководството на клубот во пријателски однос е постигнато взаемно прифатливо решение. Во името на клубот, му се заблагодаруваме за ангажманот, за сите победи, но и за тоа што кога беше тешко, застана и ја водеше екипата во најважните предизвици“, објави Вардар.

Михаилов го презема Вардар минатата полусезона откако пристигна од редовите на Силекс и до крајот на сезоната успеа во главната цел, опстанок во елитата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот