Вардар ќе има балкански „шмек“, нов играч е Анте Кудуз!

Фото: EPA-EFE/ROBERT GHEMENT

Како што информира „Балкан-Хандбал“, повремениот хрватски репрезентативец Анте Кудуз е нов член на Вардар 1961.

25-годишниот лев бек на романската екипа Динамо од Букурешт, од наредното лето ќе го облече дреот на двократниот овојувач на Лигата на шампионите.

Најдобриот ракометар во романското првенство за сезоната 2019/2020, ја игра својата трета сезона во тамошниот шампион со кој настапуваше и во европското елитно натпреварување.

Пред тоа беше дел од матичниот Осиек, потоа Вараждин, ги бранеше боите на францускиот Дижон, а подобри денови дочека во швајцарскиот Фади Винтертур.

Истиот извор наведува дека пред него скопскиот тим постигна договори со Васко Шеваљевиќ и Дарко Ѓукиќ. Шеваљевиќ веќе е официјално промовиран, а за српското десно крило Ѓукиќ и натаму нема потврда.

Вардар денеска ќе го игра првиот официјален меч во 2021 година

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот