Вардар денеска ќе го игра првиот официјален меч во 2021 година

фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Црвено-црните“ на домашен терен во Спортскиот центар „Јане Сандански“ – Скопје во рамките од СЕХА Газпром лигата ќе се соочи против српскиот шампион Војводина.

Дуелот ќе започне денеска од 17.45 часот пред празни трибини поради ситуацијата со ковид-19.

Вардар 1961 кој иако во изминатиот период тренираше некомплетен поради настапот на македонската репрезентација на Светското првенство во Египет, се очекува тренерот Стевче Алушовски во составот да ги има Стоилов, Мишевски, Талески и Димитриоски, а недостасуваат само Хрватот Чупиќ и полскиот интернационалец Валчак.

Вардарци ја имаат фаворитската улога, тоа треба само да се докаже на теренот, а новото засилување Васко Шеваљевиќ своето деби се очекува да го има во некој од наредните дуели.

За македонскиот претставник ова е само загревање и еден вид увертира за тешкиот распоред кој ги очекува во наредниот период. Во февруари се закажани седум натпревари во Лигата на шампионите, од кои пет на гостински терен, како и два дуели во СЕХА, од кои еден ќе се одигра на првиот ден од наредниот месец.

Алушовски: Вардар секогаш кога игра дома е фаворит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот