Георгиевски: Војводина да ни биде увертира пред пеколниот февруари!

фото: sehaliga/Jozo Cabraja

„Црвено-црните“ утре од 17.45 часот ќе го започнат вториот дел од сезоната, со првиот натпревар во Скопје во рамките од СЕХА Газпром лигата, а противник им е Војводина од Србија.

Вардар 1961 се надева на успешен старт во СЦ „Јане Сандански“, а така размислува и десното крило на клубот, Гоце Георгиевски..

– Нè очекува прв натпревар со Војводина во СЕХА лигата после два месеци немање официјален меч. Се подготвуваме како и за секој противник, малку сме во редуциран состав поради репрезентативците, малку ни е потешко да ја составиме екипата.

Важно е дека сите сме здрави, досега нема повредени играчи. Мислам дека утре ќе чекаме да ни се приклучат и останатите репрезентативци, ќе бидеме доволно спремни за Војводина, се работи за еден добар и квалитетен противник. За ривалите немаме многу материјал да ги гледаме нивните натпревари, тие одиграа еден дуел пред Нова година. Тоа што можевме да видиме дека е добар противник, има квалитетни играчи.

Ристовски: Да извлечеме што е можно повеќе бодови во ЛШ и СЕХА

Мислам дека доколку го одиграме она што сме го договориле на тренинзите и на видео анализите мислам дека треба да извојуваме победа, да ни биде една увертира пред пеколното темпо на натпревари кое ни следува во февруари со Лигата на шампионите и оној меч со Порто, прв во ЛШ. Доколку останеме сите здрави, можеме да се надеваме на добри резултати – рече играчот на Вардар 1961, Георгиевски.

Потврдени термини за СЕХА лига

28 јануари
Вардар 1961 – Војводина (17,45 ч.)

1 февруари
Вардар 1961 – Нексе (20,15 ч.)

27 февруари
Мотор – Вардар 1961 (20,15 ч.)

Термини во групната фаза од ЕХФ лигата на шампионите

4 февруари – 20,45 ч.
Порто – Вардар 1961

9 февруари – 18,45 ч.
ПСЖ – Вардар 1961

11 февруари – 18,45 ч.
Флензбург – Вардар 1961

14 февруари – 18 ч.
Вардар 1961 – ПИК Сегед

18 февруари – 18,45 ч.
ПИК Сегед – Вардар 1961

21 февруари – 16 ч.
Вардар 1961 – Елверум

25 февруари – 18,45 ч.
Елверум – Вардар 1961

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот