Алушовски: Вардар секогаш кога игра дома е фаворит

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Екипата на Вардар од утре ги продолжува настапите во вториот дел од сезоната и првиот предизвик и дуелот со Војводина во рамки на СЕХА лигата (17.45 ч.).

Вардарци на овој натпревар нема да настапат со најсилниот состав бидејќи тренерот Стевче Алушовски нема да ги има на располагање репрезентативците кои настапија на Светскотко првенство во Египет. Сепак, и без нив вардарци се фаворити во дуелот со Војводина, смета Алушовски.

– Засега и натаму сме . Играчите со репрезентативни обврски и натаму се надвор од стројот. Работиме со тие ракометари кои ги имаме на располагање и работиме колку што можеме за да се подготвиме за нашиот дуел со Војводина. Тоа е квалитетна екипа составена од млади играчи, кои што многу трчаат. Ја следев нивната последна средба против Кикинда. Играат брз и модерен ракомет, со цврста одбрана и добра транзиција. Очекувам од наша страна да одиграме сериозно. Секогаш кога Вардар игра дома без разлика дали станува збор за СЕХА или ЛШ се труди да ја земе фаворитската улога на своја страна. Така ќе биде и на овој натпревар, без разлика што сме некомплетни. Со еден комплетен тренинг ќе одиграме коректен натпревар кој ќе биде добра подготовка за она што следува во наредниот период – вели Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот