Вардар и Е. Пелистер на 23 и 25 август ќе бркаат полуфинале во СЕХА лигата

Двете најдобри македонски ракометни екипи ќе се борат за нов трофеј/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Од претходно веќе беа познати паровите, а сега регионалната СЕХА лига ги одреди и термините и саатниците за четвртфиналните натпревари за сезоната 2021/22.

Потсетување дека за пласман на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска) ќе се борат осум екипи, помеѓу кои и Вардар 1961 и Е. Пелистер кои ја претставуваат Македонија.

Ќе се игра еден меч во четвртфиналнаа фаза, Вардар 1961 на 23 август во Скопје од 20.15 часот ќе игра против Нексе од Хрватска, а два дена подоцна во Битола составот на Е. Пелистер е домаќин на белорускиот Мешков Брест.

Претходно на 14 август од 19.45 часот во Унгарија Веспрем ќе го пречека словачкиот Татран Прешов, а на 17 август Војводина од Србија ќе игра против хрватскиот ППД Загреб.

Доколку скопските „црвено-црни“ триумфираат против Нексе, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе играат со подобриот од пресметката Војводина – ППД Загреб. А доколку битолчани слават против Мешков Брест, во полуфиналниот меч ќе се сретнат со Веспрем или Татран Прешов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот