Вардар ги отвора вратите, влезот за дербито со Охрид ќе биде бесплатен
Раководството на Вардар донесе одлука да овозможи бесплатен влез за сите љубители на ракометот на дербито против Охрид, кое е закажано за 2 април (четврток) од 18:30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Од клубот испратија порака до навивачите да ја исполнат салата и да му дадат силна поддршка на тимот во еден од клучните натпревари сезонава.
Препорачано
Станува збор за натпревар кој може да има големо влијание битката за титулата, па затоа атмосферата од трибините би можела да биде пресудна.
„Ова е моментот кога тимот има потреба од секој глас, од секоја поддршка и од полни трибини“, велат од Вардар.
Во моментов, Вардар сигурно го држи врвот во плејофот од Суперлигата со 46 бодови, што е четири повеќе од Пелистер, кој има и натпревар повеќе. Победа над „рибарите“ би значела сериозен чекор кон освојување на шампионскиот пехар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
29мин
-
43мин
-
9час
-
9час
-
10час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


