Ванеса Брајант со емотивна објава по повод 20-годишнината од бракот со Коби

epa-efe
epa-efe

Ако кошаркарската легенда Коби Барајан беше жив, тој и неговата сопруга Ванеса Брајант вчера ќе ја прославеа 20-годишнината од нивниот брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

По тој повод, 38-годишната Ванеса на својот инстаграм-профил имаше емотивна објава за својот трагично починат сопруг, сеќавајќи се на нивниот посебен ден.

Среќна годишнина, љубов. Те сакам. 20 години“, напиша Ванеса во описот на својата објава, споделувајќи фотографија од нивната венчавка што се одржа на 18 април 2001 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Коби Брајант и 13-годишна ќерка на Коби и Ванеса, Џиана минатата година трагично загинаа во хеликоптерска несреќа.

Покрај фотографијата, Ванеса објави и емотивно видео исполнето со заеднички моменти,  во кое ѕвездата на НБА зборува за својата сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Забавно е. Ние добро се забавуваме и неизмерно ја сакам. Ние сме најдобри пријатели и тоа е благослов“, изјави покојниот спортист за својата сопруга во видеото што Ванеса го сподели на својот инстаграм-профил.

Минатиот месец, Ванеса ѝ оддаде почит на поранешната кошаркарска ѕвезда славејќи го приемот на нивната најстара ќерка на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Bryant ? (@vanessabryant)

Многу сум среќна за тебе Нани и знам дека татко ти би бил многу горд на тебе денес. Твојот труд се исплатеше. Излезе како победник од невозможна болка“, напиша Ванеса во описот на видеото на кое се гледа пресреќната Наталија која дознава дека е примена на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот