Валенсија ја критикуваше церемонијата за доделување на „Златната топка“

фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Валенсија јавно го критикуваше користењето на сликите на Винисиус Жуниор на „Местаља“ за време на гала церемонијата за „Златната топка“.

Бразилскиот фудбалер ја доби наградата „Сократ“ за водење на борбата против расизмот во шпанскиот фудбал, како и за неговиот придонес во образованието на децата во родниот Бразил.

При примањето на наградата се појави монтажа на која се гледа како фудбалерот покажува кон толпата за да ги предупреди властите за оние кои расно го злоставуваат.

Веднаш стигна реакцијата од Управата на шпанскиот фудбалски клуб Валенсија:

– Валенсија жали за користењето на нашиот имиџ на церемонијата на доделување на „Златната топка“ и нејзината поврзаност со неприфатливи постапки на навивачите, кои клубот ги истражи и наметна најстрога казна за инволвираните. Ние помагаме и во борбата против расизмот, но бараме и најголема почит за нашите навивачи и нашиот клуб – се вели во соопштението на Валенсија.

„Златната топка“ и осми пат во рацете на Лионел Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот