Вакцината на кубанските експерти покажала ефикасност од 92,28 отсто

Вакцина против грип/ Фото: Profimedia

Вакцината   Абдала против коронавирус, развиена од Куба, која е прва развиена во Јужна Америка, покажа ефекасност од 92,28 проценти против инфекцијата. Тоа го соопшти лабораторијата што го разви препаратот.

Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, што ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност е постигната по три дози. Абдала е во последната фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрување од кубанските власти подоцна овој месец или почетокот на јули.

Во саботата, кубанскиот институт за вакцинација Финли објави дека неговиот кандидат за вакцина Соберана 2 покажал 62 отсто ефикасност по аплицирање две од трите дози.

Поради ембаргото, Куба почна да развива свои лекови во 80-те години на минатиот век. Владата сега се надева дека во август ќе бидат вакцинирани 70 проценти од 11,2 милиони жители на Куба, а целото население до крајот на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот