Вака изгледа собранискиот состав според првичните резултати (ИНФОГРАФИК)

Коалицијата „Можеме” предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Најмногу гласови 324.084  или 36,12 отсто има коалицијата на СДСМ, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.057 или 4,16, а ДПА 13.553 или 1,52 отсто.

Прочитајте и...  Бајден ја одбра за свој кандидат за потпретседател сенаторката Камала Харис

Првичните резултати од изборите се уште се само повремено видливи на веб сајтот на Државната изборна комисија, кој синоќа падна поради, како што кажа првиот човек на комисијата Оливер Дерковски, надворешни хакерски напади. ДИК најави дека денеска по прибирањето и обработката на сите пристигнати материјали ќе ги соопшти првичните резултати од изборите и распределбата на пратеничките мандати.

На  десеттите парламентарни избори, кои првпат во актуелните услови на пандемија на коронавирусот траеја три дена, правото на глас го искористија околу 923 илјади граѓани или приближно 51 отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Прочитај повеќе

Пендаровски до петок ќе го додели мандатот за нова Влада

МИА Агенција

Повеќето од половината Балканци кои работат во Германија се стручна работна сила

Слободен печат

Претседателот на Филипините: Ќе волонтирам за тестирање на руската вакцина против коронавирус

Слободен печат

Коалиција СЕГА: Младите – приоритет денес за подобро утре

МИА Агенција

Истражување: Оптимизмот во поглед на иднината и задоволството од животот се повисоки од загриженоста за КОВИД-19, најмладите најпесимистични

МИА Агенција

Град Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање на отпад од берба

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Анкета: Секој втор Австриец сака работна недела од 30 часа

Слободен печат

Николовски и Заев се откажаа од средствата за патни трошоци

Слободен печат

Специјализирани корпи за отпад од заштитна опрема се поставуваат на повеќе локации низ државата

МИА Агенција

Најголем процент од новозаболените и смртните случаи имаат коморбидитети или се над 60 години

МИА Агенција

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Слободен печат

Трамп: Ако победи Бајден, спремете се да учите кинески јазик!

Слободен печат