Вагнер во Украина /Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

„Вагнер” ја презеде контролата над Воронеж

Борците на „Вагнер” ја презедоа контролата врз сите воени објекти во градот Воронеж, на половина пат помеѓу Ростов на Дон и главниот град Москва, пишува Би-Би-Си.

Градските власти на Воронеж допрва треба јавно да го коментираат тврдењето.

Во меѓувреме, гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гусев, предупреди дека има многу лажни извештаи кои кружат за движење на оклопна колона во регионот.

Тој, исто така, рече дека руските вооружени сили сега спроведуваат „оперативни и борбени мерки“ во регионот Воронеж, како дел од претходно прогласената антитерористичка операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот